Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СВР констатира 170  прекршоци за неносење лична заштита на лицето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
plaza-5

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-90, Струга-46, Кичево-30, Дебар-04). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти со цел, доследна примена на безбедносно-хигиенските мерки за заштита од Ковид 19 но и почитување на одредбите од Законот за угостителство и другите законски одредби.

Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид спроведе интензивни превентивни и други мерки со цел, зачувување на стабилната безбедносна состојба на подрачјето. Полициски службеници од СВР Охрид но и од други полициски станици кои, деновиве се на испомош во Охрид, реализираа засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг просторите со цел, спречување на кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили.

— реклама —

За време на празничниот викенд во Охрид, евидентирани се две сообр.незгоди, во првата случена кај населбата „Лагадин“, едно лице се здоби со тешки телесни повреди а во втората, случена на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, возачот на едно возило учесник, откако удрил во паркиран автомобил, го напуштил местото и избегал. За време на празничниот викенд, регистрирани се шест нарушувања на јавниот ред и мир. Истите се целосно расчистени, сторителите се приведени и поднесени се соодветни пријави. Во истиот период, приведени се и околу десеттина лица од Скопје и од други градови поради пронајдена опојна дрога марихуана.

— реклама —

Инаку, во текот на јуни и јули 2020 година, во областа на јавниот ред и мир, во Охрид регистрирани се 34 прекршоци  (јуни-24, јули-10) во кои, против  32 сторители,  се поднесени 28 соодветни пријави.

— реклама —

Во областа на сообраќајот, во текот на јуни и јули 2020 година, во Охрид, регистрирани се вкупно 66 сообраќајни незгоди (јуни-30, јули-36) во кои, 41 лице (јуни-17, јули-24), се здобиле со лесни телесни повреди а 15 со тешки телесни повреди (јуни-07, јули-08). Притоа, значајно е што во двата месеца, нема сообраќајни незгоди со жртви.

СВР Охрид во координација и со другите институциии и денеска продолжува со интензивни мерки  со цел санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања