Во текот на викендот, од 13 до 16.09.2019, на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 14 возачи, и тоа три возачи кои управувале возило под дејство на алохол и 11 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а осум возила се подигнати со специјално возило „пајак“.