Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СВР Охрид предупредува на нов бран интернет измами и лажни пораки за „Безбеден град“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Слајдер
media-libraryp6qn4p1qcq19d40lHb1

СВР Охрид предупредува за зголемен број интернет и компјутерски измами, меѓу кои и лажни пораки за наводно сторени сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.

— реклама —

Според пријавите, граѓаните добиваат СМС-пораки и други електронски известувања од странски телефонски броеви, со линкови до лажно изработени веб-страници. Преку нив, измамниците ги наведуваат да вложуваат пари во наводни инвестиции и тргување, да внесуваат лични и банкарски податоци, ветувајќи им голема заработувачка.

— реклама —

Во лажните известувања за сообраќајни прекршоци, на граѓаните им се испраќаат линкови преку кои се бара уплата на одредена сума пари.

— реклама —

Од СВР Охрид апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, да не ги отвораат сомнителните линкови, да не внесуваат лични и банкарски податоци и да не вршат уплати. Секој ваков случај треба да го пријават во најблиската полициска станица.

— реклама —

Оттаму потсетуваат дека официјалните СМС-известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR SC“ и содржат податоци и фотографии за возилото, како и линк до официјалната веб-страница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjr22mc0tf1q9cxKfHTS

МВР предупредува за измама со лажни казни за сообраќајни прекршоци

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
kompjuter

Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања