Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.П.(32) од Охрид и против правното лице ,ЗОРПАЛЧЕ“ ДООЕЛ Охрид. При извршен инспекциски надзор, утврдено е дека, во текот на 2019 година, пријавениот во својство на одговорно лице во правното лице зазел туѓа недвижност кој со пропис е прогласен за имот во општа употреба. Тие, на катарстарска парцела во охридското село Коњско, бесправно и спротивно на договорот за краткотраен закуп, изградиле времен објект и поставиле урбана опрема.
фото: Архива