Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СВР Скопје за 24 часа од сообраќај исклучи 21 возач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

На 02.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 21 возач од кои: тројца возачи поради управување возила под дејство на алкохол, 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач - почетник кој не се придржувал на законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 17 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 52 мандатни платни налози, а 39 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања