Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Таче и Али донесоа 365 скандали- најавуваат дека ќе продолжат “како и до сега“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
KOVACEVSKI-AHMETI-GRUBI

Владата на СДС и ДУИ со Таче и Али зад себе има година со 365 скандали. Оваа скандал влада за оваа година “успеа“ да ги осиромаши и украде граѓаните до максимум, да приреди нови понижувања и меѓународни срамови, но и да ги наполни џебовите на своите функционери до врв.Меѓу другите скандали на оваа скандал влада за оваа година би ги издвоиле:

— реклама —

Аферата Паразити, која откри дека додека се кратат пари за земјоделците, образованието, здравството под изговор за криза, директорите именувани од оваа власт добивале мрсни хонорари тешки, па така за еден мандат добиле дури и до 920 минимални плати, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Дополнително ги излажаа работниците, па така наместо ветеното покачување на плати, синдикалците останаа со кратки ракави во време на галопирачки раст на цените. Цените одамна ја добија трката со платите, па осиромашените граѓани почнаа наместо на кило да купуваат на парче.

— реклама —

На енергетски план состојбата е уште покатастрофална. Поради ниското ниво на производство на домашна електрична енергија, власта троши во просек по милион евра дневно за увоз. Ваквиот увоз значи празнење на буџетот, но и матни зделки и набавки.

— реклама —

Колапс се случува на секое поле. Функционерите на власта се фрлени на злоупотреби, криминал и корупција, а најлошото е што Ковачевски најави дека ќе продолжат по истиот принцип и понатаму “како и до сега“.

Ова мора да престане. На Македонија и требаат час поскоро предвремени избори и промена на оваа корумпирана и криминализирана власт“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања