Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тачела е коалицијата на СДС и Арсовска, на која со лепакот наречен тендери се прилепени и ГРОМ, ДУИ и Левица, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
danela-arsova-2

Тачела е коалицијата на СДС и Арсовска, на која со лепакот наречен тендери и дебели хонорари се прилепени и ГРОМ, ДУИ и Левица. Оваа Коалиција е одговорна за хаосот и нефункционалноста на градот. Сите директори на јавните претпијатија се дел од Тачела Коалицијата и тие наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, создаваат нови, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Заедничката љубов на СДС и Арсовска најдобро се гледа во ЈСП каде кадарот на СДС Александар Стојковски склопи договор тежок 27 милиони евра со семејната фирма на пратеник од мнозинството на Ковачевски без да се пресмета рабат со што би се уштеделе најмалку 1,5 милиони евра. Со овие пари ќе се платеа долговите кон приватните превозници и јавниот превоз немаше да биде во колапс.

— реклама —

СДС залудно глуми лудило кога веќе сите гледаат како функционира нивната коалиција. Доколку навистина сметаат дека Данела Арсовска катастрофално го менаџира Градот Скопје, тогаш СДС ќе побараа нејзина оставка. Но вистината е дека меракот за пари, провизии и матни тендери им е заеднички, па затоа се врзаа“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања