Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тачи: Дојде времето да се работи на отстранување на граничните премини меѓу Косово и Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
hasim-taci-990x556-696x391

— реклама —

Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера во Крума, Албанија, како што пренесе РТК, рече дека мисијата на Косово за слобода и независност не е доволна, дека Албанците се неправедно поделени, дека сега треба по своја волја да се обединат „и дека дојде времето паметно да се работи на отстранување на граничните премини меѓу Косово и Албанија, кои се неправедно наметнати“.

— реклама —

— реклама —

Тачи во својот говор по повод прогласувањето за почесен граѓанин на Крума рече дека во блиска иднина, Косово и Албанија ќе живеат заедно, без граници.

Тачи рече и дека ќе ги продолжи напорите за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац на Косово, што, според него, ќе се постигне без да се доведе во прашање ни милиметар од Косово, езерото Газивода и Трепча.

„Бидете сигурни дека е далеку полесно да се оствари сонот за една територија без граници меѓу Косово и Албанија отколку што беше предизвик заминувањето на Србија од Косово. Ова ќе се случи“, заклучи Тачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања