Тачи го нарече терорист, кандидатот за премиер Насер Зибери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар, каде изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули.

— реклама —

Претседателот на ДПА го нападна кандидатот на ДУИ за прв Албанец премиер на земјава, Насер Зибери.

„Што ги поврзува Али Ахмети и Насер Зибери? Југославија и национализмот“, запраша Тачи.

— реклама —

„Зибери е од 1997-ма година од Гостивар и Тетово. Тој беше вицепремиер, кога државата убиваше со оружје и насилство, тепаше, малтретираше, затвори многу луѓе. Ова е најсилниот аргумент дека овие двајца луѓе се поврзани со истата цел и доаѓаат од истиот извор. Ние овие двајца ќе ги разделиме“, порача лидерот на ДПА.

Тачи порача дека неговата партија по изборите на 15-ти јули нема да се откаже од планот за воведување на дводомен парламент.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања