Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Тачи за поглаварот на ИВЗ: Овој криминалец излегува пред камери и вели „јас сум босот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Моето мислење е дека на претседателските избори, граѓаните на Македонија гласаа на совршен начин, иако ве уверувам дека со овој резултат сите политички сили се незадоволни, истакна претседателот на ДПА во синоќешното интервју на телевизија „Клан“ која беше посветана на резултатите од првиот круг од претседателските избори.

— реклама —

– Владата излезе лошо со гласовите, најлошо од сите. Во рамките на Владата најлошо помина СДСМ. На парламентарните избори СДСМ имаше 70.000 албански гласови, а сега со ДУИ, ДПА и другите албански партии, доби 35.000-40.000 гласови, рече претседателот на ДПА.

Тачи го коментираше и придонесот кој ДУИ го имаше на контото на Пендаровски, за што вели дека тие дале збор да придонесат за него но сепак толку им била силата.

— реклама —

– Моето мислење за ДУИ е дека не можеле повеќе. Не можеле. И ДУИ дале збор но толку им е силата. Да бидеме коректни, констатираше Тачи.

Тачи изнесе и критики за поглаварот на ИВЗ.

-Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба биде доживотен поглавар. Институциите треба да интервенираат. Овој криминалец излегува пред камери и вели – јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба отчет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу друго – изјави Тачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања