Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019“ на 1 јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Спорт
Ohrid-Open-2019-Juni

Охрид во сабота, на 1-ви јуни ќе биде домаќин на првиот Национален Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019, кој ќе се одржи според турнирскиот систем на Македонската Таеквондо федерација.

Организаторите очекуваат учество на спортисти кои ќе се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори. Најавуваат фер плеј, максимална транспарентност и одлична атмосфера за натпреварувачите.

— реклама —

Се очекува да земат учество над 150 Таеквондисти од цела Европа. Според најавите, најмногу спортиси ќе пристигнат во Охрид од соседните земји и од поширокиот регион на Балканот.

— реклама —

Натпреварот ќе се одвива според официјалните правила на Светската Таеквондо Федерација (The official WT Competition Rules)

— реклама —

Учесници:

- Кадети (А класа и Б класа): родени во 2005, 2006 или 2007 година (без оглед на месецот и денот во кој се родени)

- Јуниори (А класа и Б класа): родени во 2002, 2003 или 2004 година (без оглед на месецот и денот во кој се родени)

- Сениори (А класа и Б класа): родени во 2002 и порано (без оглед на месецот и денот во кој се родени)

Натпреварот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“, во сабота на 1-ви јуни со почеток во 09:00 часот кога ќе зaпочнат борбите,а турнирот официјално отворање ќе има во 12:00 часот со официјално претставување на натпреварувачите и клубовите учесници. Според најавите,  ќе го отвори градоначалникот на град Охрид, г-дин Константин Георгиески, а ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за млади и спорт г-дин Дарко Каевски и началникот на СВР Охрид, г-дин Сашо Смилески, кои се гости на натпреварот. Се очекува и присуството на д-р Васил Тупуркоски, претседател на Македонскиот Олимписки Комитет.

За да може да се следи натпреварот ширум светот, ќе биде обезбеден и директен пренос и Live Streaming на интернет.

Организатор на Таеквондо турнирот Ohrid OPEN 2019 е Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, кој е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација, како и во натпреварувачкиот систем. Прв човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања