Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Таен британски извештај: Армијата на Путин е пред колапс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
zelenski-putin

Британски медиуми објавија тајна анализа за руската инвазија на Украина, напишана од, како што тврдат, врвен британски аналитичар и која им е ставена на располагање на високи функционери на британската влада. Во анализата се наведува дека руската армија е „на работ на колапс“ и дека нејзините загуби досега се 30.350 војници.

— реклама —

Украинците тврдат дека Русите изгубиле 207 воени авиони, 174 хеликоптери, 1.349 тенкови и 13 бродови од почетокот на инвазијата. Независниот портал Орикс, пак, наведува дека Русите останале без 4187 воени возила, пловни објекти и авиони.

— реклама —

Извештајот, исто така, сугерира дека претставниците на Кремљ „залудно се обидувале да го убедат Путин дека неговата инвазија е катастрофа, бидејќи Путин сè уште верува дека може да извојува делумна победа“.

"Обидот на Русија да постигне брза и одлучувачка победа во Донбас се уште не успеа. Тие се уште напредуваат, добивајќи по 1-2 километри на ден. Русите сега постигнуваат успех главно со последователни, многу скапи, пешадиски напади кои потсетуваат на 1945 година, не 2022. година.

— реклама —

Путин досега успеваше доста добро да ги сокрие своите групни неуспеси од руската јавност, односно да обвини различни функционери кои беа уапсени и отпуштени.

Руското население до неодамна веруваше во дезинформациите на Путин. „Гледаме обиди во Кремљ да се пренесе порака до Путин и неговиот најблизок тим дека работите не одат добро, можеби дури и катастрофално“, се вели во извештајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин не остава простор за преговори: Безбедносната зона долга 660 километри во Украина не е предмет на договор

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryl51t1k82f938bhIcmD7

Украински дронови уништија половина од најголемите центри за податоци на рускиот „Гугл“, „Јандекс“

Свет | пред 1 ден

media-library6s2jrnfa16q91wczfge

(Видео) Масовни украински напади врз Русија, погодени нафтен терминал и центар за податоци

Свет | пред 2 дена

media-libraryb7i1t8fqsuhp6T2QA0i

(Видео) Голем украински напад врз Санкт Петербург: погодени нафтен терминал, центар за податоци и мост

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања