„Таинствени проверки“ по терк на ЕУ од Народната банка – мерка за заштита на граѓаните!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
nbrm-narodna-banka

На последната седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки со кои се зајакнува системот за заштита на потрошувачите и се воведуваат нови стандарди за транспарентност, фер практика и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните.

— реклама —

Првата одлука предвидува банките да обезбедуваат јасни, точни и навремени информации за сите финансиски производи и услуги, особено пред склучување договори за кредити и депозити. Целта е потрошувачите да добијат целосен увид во придобивките, ризиците и трошоците што ги носи секој производ.

— реклама —

Втората одлука поставува стандарди за фер и транспарентен пристап во односите со клиентите и забранува нефер, измамнички и агресивни практики. Банките ќе мора да донесат интерни акти за обезбедување еднаков третман и недискриминација, вклучително и за лицата со попреченост.

— реклама —

Со третата одлука се уредува системот за прием и разгледување на поплаки, со јасно дефинирани рокови за одговор и обврска за формирање посебна организациска единица или назначување лице задолжено за заштита на потрошувачите.

Четвртата одлука го регулира начинот на контрола од страна на Народната банка, која ќе опфаќа теренски, вонтеренски и т.н. „таинствени“ проверки, по примерот на европските практики.

Според Народната банка, овие мерки ќе придонесат за потранспарентна и пофер средина во финансискиот сектор, како и за поголема финансиска инклузија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања