Сестрата на тајландскиот крал влезе во трката за премиерското место, како главен кандидат на народна партија лојална на соборениот премиер Тахсин Шинаватра, што е случај без преседан во кралското семејство. Тајландската политичка партија „Таи ракса чарт“ денес ја именуваше принцезата Уболратана Махидол како своја кандидатка за премиерка, во спротивно со традицијата на палатата која ја избегнува политиката.
Принцезата Уболратана Раџаканја Сиравдана Барнавади, 67-годишната постара сестра на кралот Маха Ваџиралонгкорн. Уболратана (Убол Ратана) Махидол најстарата ќерка на кралот Бумибол Адуладеј. Родена е 1951 година во швајцарска Лозана. Студирала на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес математика и биохемија, а има и магистратура од областа на здравството. Се откажала од титулата и се преселила во 1972 година во САД заедно со сопругот колега од факултетот MIT, Питер Лед Џенсен, но се вратила во Тајланд по разводот во 1998 година.
Тајланд е уставна монархија од 1932 година, но кралското семејство има огромно влијание и милиони поддржувачи.