Тајниот план за враќање на Кејт Мидлтон во јавниот живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

Палатата Кенсингтон работи деноноќно на планот за враќање на принцезата од Велс во јавниот живот.

— реклама —

Тимот со најблиските соработници на Кејт и принцот Вилијам, нивниот тим за комуникација и поранешните членови на персоналот во палатата се консултирани како дел од строго тајниот проект. Кралските извори велат дека дворјаните побарале помош и совет по бурниот период околу отсуството на принцезата од кралскиот живот, по абдоминалната операција во јануари.

— реклама —

Двајца поранешни помошници, познати по тоа што се „добро етаблирани експерти за односи со јавноста“, беа консултирани од тимот задолжен да го смисли новиот распоред на Кејт по неколку недели засилено испитување. Еден од нив е нејзиниот нов приватен секретар, потполковник Том Вајт, кој му се приклучи на кралскиот тим во јануари.

— реклама —

Тој претходно и служеше на покојната кралица Елизабета Втора, од ноември 2020 година до нејзината смрт во септември 2022 година. Новиот приватен секретар на принцот Вилијам, поранешниот дипломат Иан Патрик, кој претходно работеше за поранешниот лидер на либералдемократите Педи Ешдаун, исто така е дел од сениорскиот тим.

Еден извор рече: „Тимовите работат деноноќно за да го осмислат планот за враќање на работа на принцезата од Велс по неколкунеделен огромен притисок. Сите тие знаат дека светот ќе гледа по неколку недели засилени шпекулации и често чудни коментари на социјалните мрежи“.

Но, минатата ноќ се појави ново видео од принцот и принцезата во посета на продавница на фарма во Виндзор во саботата, каде парот се појави насмеан и разговараше додека се шеташе со торби за пазарење. Додека палатата Кенсингтон синоќа повтори дека принцезата нема да се врати на кралските должности дури по Велигден, се разговараше за таа да се придружи на нејзиното семејство и другите високи членови на кралското семејство во црквата во неделата на Велигден, пишува ,,Мирор".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kejt-midlton

(Фото) Кејт Мидлтон ненадејно се појави на балетската претстава

Магазин | пред 1 година

kejt-1

Кејт Мидлтон се врати и веднаш ни одржа модна лекција: Вака го носи парчето и бојата на сезоната

Магазин | пред 1 година

kejt

Принцот Џорџ има само 11 години и учи да управува со авион: Кејт и Вилијам го гледаа првиот лет

Магазин | пред 1 година

kejt-1

(Видео) Кејт Мидлтон во емотивно видео откри: „Конечно ја завршив хемотерапијата“

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања