Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Така мириса крајот - предавничката СДСМ бега од својот народ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ се во очај. Не можат да најдат оправдување за своите предавнички политики, па смислуваат нови и нови лаги, но едно е типично за СДСМ, а тоа е да бегаат од сопствениот народ. Очигледно знаат дека народот е против нивните “историски договори“ кои директно го засегаат идентитетот и ги уништуваат националните и државните интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Огромно мнозинство од јавноста е против нивните погубни политики. Предлогот кој тие го прифатија е сметан за неприфатлив од страна на над 70% од Македонците. Тоа што сега го нарекуваат “почнуваме преговори“ е новото “го добивме датумот“. Тоа кое што владата на Ковачевски и СДСМ го направија е внесување на Македонија во еден процес на вечни преговори или асимилација. Народот и експертите тоа го знаат и затоа им се спротивставуваат. Затоа однародоената и предавничка СДСМ ваквите наводни историски настани, кои всушност се порази, ги прославува во затворени дворови на кои присуствуваат само партиските полтрони и аминџии. Полицијата ги штити од сопствениот народ, прават приватни прослави зад високи ѕидини, а сега гледаме дека бегаат и од референдум.

— реклама —
— реклама —

СДСМ знаат дека вака мириса крајот на нивното владеење. Колку тој крај ќе се приближува, толку повеќе ќе се кријат од граѓаните, ќе стануваат понервозни и ќе пласираат почесто очајни лаги“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања