„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Талат Џафери на средба со министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-16

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

— реклама —

Претседателот Џафери се заблагодари за поддршката што Република Словенија ја дава за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Неговата посета во овој клучен момент за Република Македонија кога Амбасадата на Република Словенија станува контактна точка за НАТО, е уште една потврда за пријателството меѓу двете држави кое се негува со децении, истакна претседателот Џафери. Тој го информираше соговорникот за процесот на уставните измени и за реформските процеси во Собранието на Република Македонија во контекст на процесот на пристапување во НАТО и изрази надеж дека, најдоцна до почетокот на наредната година, земјата и официјално ќе биде триесеттата земја членка на НАТО.

— реклама —

Министерот Ерјавец го изрази своето уверување за скорешното членство на Република Македонија во НАТО, што секако ќе придонесе за стабилноста во безбедносен аспект на државата, но и за стабилноста во економска смисла, со што ќе се овозможат поголеми перспективи за младите. Балканот сеуште не е стабилен, нагласи министерот Ерјавец, а членството на Република Македонија ќе биде позитивен сигнал во таа насока, иако потешкиот дел од работата доаѓа после членството во НАТО, кога ќе биде потребно да се преземат поголеми реформи и да се обезбеди соодветен процент од буџетот за одбраната, за што рече тој, Република Словенија стои на располагање да ги понуди сите свои ресурси и експертиза,.

Соговорниците беа едногласни дека одличните билатерални односи, без отворени прашања, треба да бидат зајакнати во процесот на хармонизацијата со законодавството на ЕУ, како и во доменот на економијата, животната средина и другите области од заемен интерес, по принципот на научени лекции и добри практики во процесот на пристапување на Република Македонија за членство во Европската унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања