Промени тема
Контакт

Талат Џафери нека не се однесува со Собранието како со своја крчма, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
talat-dzaferi

Автократот од Форино познат и како Талат Џафери во класичен заевистички манир кажува, заборава па негира. Тој пред само две недели самиот кажуваше дека согласно Деловникот не може без одлука на матична Комисија во Собранието да разреши пратеник од позицијата член во Комисија, за сега да прави правни вратоломи и прекршувања на членови од Уставот и Деловникот и се дрзнува да разрешува, узурпира и крши процедури, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Собранието не е негова крчма, па да се однесува така шерифски. Процедурите и нормите се основни демократски принципи и истите Талат Џафери бесрамно ги прекршува.

— реклама —

Не може само затоа што им текнало на СДСМ-ДУИ 4 минути пред почеток на пленарната седница на Собранието да се вметнува точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата.

Не може ваквото разрешување на член на работно тело да помине без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

— реклама —

Не може само затоа што Заев дал наредба да се изгласа пусулчето со имиња на Уставни судии, да се прави грубо кршење на Уставот и деловникот и да се деградира Собранието.

— реклама —

Самоволието и институционалното насилие на СДСМ и ДУИ, чиј директен спроведувач е Талат Џафери, создава опасни и недемократски преседани. Ова е газење по волјата на граѓаните и тоа народот ќе го казни, а спроведувачите на налогот на Заев ќе понесат одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања