Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Талат и син му кој стана обвинител во извештајот на „Фридом Хаус“: Ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизмот во судството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
27022024_VRSM_SEDNICA-3

„Фридом хаус“ во најновиот извештај ги критикува семејните врски помеѓу политичари и обвинители, а откако Академијата за судии и јавни обвинители го објави списокот на кој беа синови, ќерки и снаи на политичари со високи функции во Македонија. Во извештајот директно се споменува изборот на синот на Талат Џафери стана обвинител.

— реклама —

„Покрај тоа, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари (вклучувајќи го и синот на претседателот на парламентот Талат Џафери) ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизмот во судството“, се вели во дел од извештајот.

— реклама —

Во него се потенцира дека „Корупцијата останува главна грижа и за јавноста и за другите меѓународни“.

— реклама —

Синот на Џафери беше избран за обвинител во мај минатата година. Бура од реакции имаше кога се дозна дека успеал да биде запишан на Академија и да полага правосуден испит без да има документација за завршен факултет, како што беше утврдено во постапката на Антикорупциската комисија. Но, на членовите на Советот на обвинители тоа не им пречеше.

— реклама —

Речиси 18 проценти од положените кандидати од минатата година, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит - но и тој подоцна успеа да добие „амин“ за да гони односно суди криминал. Во листата има и многу звучни имиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања