Промени тема
Контакт

Талески: Дијалогот за платите во образованието мора да продолжи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14-04-2021-Talevski

СДСМ покажа дека е за раст на платите во сите сектори и тоа е она што го правиме во овие четири и пол години, порача пратеникот од СДСМ, Миле Талески во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

Пратеникот Талески посочи дека во собраниска процедура постои закон со кој значително ќе се зголемат платите во образованието, но тој закон веќе една година е блокиран од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ако Законот за наставници и стручни соработници не беше блокиран цела година од страна на ВМРО-ДПМНЕ, наставниците веќе ќе имаа повисоки плати и усогласени со порастот на минималната плата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се закануваа и со физичко насилство само тој закон да не биде усвоен, така што вистинската адреса за протести е пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на минималната плата е да покрене раст на сите плати во државата вклучително и во јавниот сектор и тоа е регулирано со член 8 од Законот кој предвидува дека мора да има усогласување на сите плати со минималната плата и тоа ќе се случи“ посочи Талески додавајќи дека социјалниот дијалог мора да продолжи за да се дојде до решение.

— реклама —

Во однос на прашањето за владеење на правото Талески истакна дека за разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога судски процеси против актуелни државни функционери беше мисловна именка, денеска пред законите сите се еднакви.

— реклама —

„И фактот што Никола Груевски и Сашо Мијалков се на црната листа на САД јасно говори каков се криминал бил правен од функционерите од ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното владеење. Сето ова, како и признанието на бивши партиски и државни функционери се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија“ заклучи Талески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања