Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Талески: Герасимовски во Центар не реализира ниеден ветен капитален проект – општината се дави во смет и владее урбанистички хаос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Општина Центар го има еден од најнеспособните градоначалници во Република Македонија. Тој е слика и прилика како СДС владее во Македонија. Градоначалникот Горан Герасимовски, кој дојде на оваа позиција како наследник на Богдановиќ и Жерновски наместо да го среди урбаниот хаос во Центар, продолжи таму кај што застанаа неговите претходници. СДС и неговите коалициски партнери веќе десет години раководат со оваа општина и состојбите во неа се директно нивна одговорност“, вели Мартин Талески, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Центар.


— реклама —

[embed]

— реклама —


„Влегувајќи во третата година од својот мандат Герасимовски нема ни отчет за сработеното, ниту па нешто конкретно се работи на терен. Градоначалникот изборно се обврза на подобрување на хигиената во општината, а Центар денес е повалкан од било кога. Сведоци сме на нечисти улици и паркови како никогаш досега. Во општина Центар владее урбанистичко дивеење, а локалната власт е нем набљудувач на тоа што секојдневно им се случува на центарци. Дивоградби никнуваат, се узурпира јавниот простор на граѓаните, а општина центар молчи и ништо не презема.


Се што вети Горан Герасимовски остана на хартија затоа што е неспособен и неодговорен. Иако списокот на ветени проекти е долг, во оваа пригода потсетуваме на капиталните нереализирани, а ветени проекти, за кои граѓаните на Центар секојдневно сведочат.

— реклама —

Граѓаните сеуште чекаат на двете ветени градинки во населбите Пролет и Маџир Маало. Првата во Пролет, која согласно изборната програма требаше да биде завршена до крајот на 2022 година е далеку од конечна реализација. Втората градинка во Маџир Маало после повеќе од две години се уште не е ни започната.


Нема ништо и во делот на обезбедување повеќе паркинг места за центарци. Се уште не е ни во почетна фаза изградбата на ветената катна гаража во блокот згради спроти ПУИК во Дебар Маало, ниту е поставен ветениот монтажен паркинг со 296 паркинг места на локацијата на ПУИК.

— реклама —

Беше ветена и изградба на општинска административна зграда, хортикултурно и партерно уредување на просторот каде што се постојните бараки. И овој проект остана само на хартија. Вакви објекти во интерес на граѓаните не се градат, ама затоа кога се работи за згради и бизнис интереси, тогаш тука нема застој. Односно мораториумот во Центар умре и владее урбанистички хаос. Заборави на ветувањата за хумано живеење во Центар и затоа сега гледаме хипер урбанизација во делот на поранешна Треска и други локации каде што се предвидува цели „градови“ да никнат.


Поминаа цели две години од мандатот на Герасимовски во лага. Ниту реализација на проектите, ниту подобрување на квалитетот на животот за центарци.


Време е после една деценија СДСМ да биде казнета од граѓаните на Центар. Важно е Центар да има локална самоуправа која ќе се грижи за граѓаните“, изјави Мартин Талески, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања