Талески: Владеењето на Богдановиќ е фијаско, и за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Martin-Taleski-18.12.2020

Мораториумот со кој градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ толку многу се фалеше уште еднаш се покажа како голема лага. И за време на мораториум во Центар зградите никнуваат како печурки на секој чекор. Од она што веќе излезе во јавност дозволи за градба се издаваат во целиот досегашен мандат на актуелниот градоначалник во период од 3 години. Како што можете да видите се издаваа одобренија за градба во 2018, 2019 и 2020 година, истакна Мартин Талески од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Талески додава:

— реклама —

Дополнително урбанистичките планови со кои на граѓаните им се овозможи похуман живот се во застој. Од досегашните 34 урбанистички планови кој што ги има на територија на Центар, изработени во период од 3 години се само 5.

Ова е доказ дека владеењето на Саша Богдановиќ е фијаско. Ветувањата кои им ги даваше на центарци се покажаа како неостварливи, а мораториумот кој 3 години е на сила е стопиран од Уставниот Суд.

Богдановиќ исто така треба да им одговори на граѓаните на општина Центар, колку дозволи за изградба на згради има издадено во неговиот 3 годишен мандат како градоначалник?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања