„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Талибанците со критика до принцот Хари: Окупаторските сили во Авганистан убиваа невини луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
2110449_profimedia0491810859-pronc-hari-megan-markl_ls

Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“.

— реклама —

– Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини луѓе без никаква одговорност, вели портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Мемоарите на Хари беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред глобалното објавување, што е закажано на 10 јануари.

— реклама —

Во еден дел од книгата, 38-годишниот принц ги опишува своите два престоја во Авганистан. Тој првпат беше во Авганистан како контролор на летање во 2007/08 година и повторно во 2012 година, кога беше копилот во хеликоптери Апачи. Тој пишува за бројот на луѓе што ги убил во Авганистан.

– Тоа не е статистика што ме исполнува со гордост, но не можам да кажам дека ми е срам. Кога се најдов во жарот на битката, не мислев на луѓето, ги замислував како шаховски фигури отстранети од таблата, лошите момци се елиминирани пред да им се даде шанса да ги убијат добрите момци, пишува принцот Хари.

Тој во мемоарите пишува за недоразбирањата со неговиот брат, престолонаследникот Вилијам, како и за неговата употреба на дрога и како ја изгубил невиноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

7f6d9550-1dc6-4a6f-bd7b-833085f63194

Борис Џонсон откри дека се обидел да го убеди принцот Хари да не ја напушта Британија

Свет | пред 1 година

princ-hari-7-830x0

Се сретнале принцовите Хари и Вилијам: Еве како изгледало

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Принцот Хари изненаден: Не може да поверува дека е дојдено до ова

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Хари и Меган во посета на Нигерија на покана на армијата со цел да ги рехабилитираат војниците

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања