Тамара Драгичевиќ од „Тома“ проговори за бракот со Петар Бенчина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
1234-585x338-1

Како гостин во емисијата „Балканска улица“, Тамара Драгичевиќ се присети како се запознала со нејзиниот сопруг Петар.

— реклама —

- Петар не беше моја симпатија додека не сфатив дека јас сум негова. Одеднаш во еден период постојано беше околу мене. Имаше една интересна ситуација, кога двајцата бевме на кастинг кај Љубиша Самарџиќ за „Miris kiše na Balkanu“. Љубиша проверуваше каква улога да ми даде. Јас завршив и се разминавме со Петар. Тој влезе кај Љубиша, а Љубиша тргна по мене и вели: „Тамара, Тамара, врати се да ве видам заедно“. И се вратив. Седевме со Љубиша еден час, завршивме и потоа заедно отидовме дома. Зборувавме, беше лето, многу топол ден, околу 40 степени. Одевме, па направивме пауза да седнеме на пијачка. Но, навистина немаше флерт, само седнавме како колеги. Ми беше срам што толку пешачевме. И тогаш и реков на мајка ми „се случи нешто чудно, долго шетавме и разговаравме со колегата Петар и не знам дали ми се допаѓа“. Нешто ме привлече. После тоа на Петар му се допаднав и тој се почесто беше во наше друштво. Ме бакна за прв пат во Нов Белград, во близина на реката, а ме запроси на море. Беше навистина прекрасно. Мислевме дека свадбата нема да може да го надмине тоа - изјави актерката.

— реклама —

На прашањето какви сличности имаат и какви разлики толерира меѓу неа и Петра, таа одговори:

— реклама —

- Сличностите се во тоа што сме воспитани слично. И дека потекнуваме од големи семејства. Вредностите кои родителите на Петар и моите родители ги негуваа, и ни ги пренесоа се исти или слични. И двајцата имаме слични ставови за работите што не опкружуваат. Но исто така, ние сме сосема различни во многу работи. Прво во работата, додава Тамара.

Тамара има ќерка и син со Петар, и се осврна на тоа колку односите меѓу партнерите се менуваат кога се раѓаат деца.

- Мислам дека колку и да разговараат жените со своите пријателки, мајки и сестри кои имале деца пред нив, не можат да ја замислат нееднаквоста меѓу нивните партнери да стануваат ноќе. Сакаш да молчиш, да не префрлаш, но ја гледаш таа нееднаквост и малку се лутиш поради тоа, малку се сожалуваш. Тоа те фаќа и не си подготвен. Една од моите пријателки рече: „Не знам како не ги оставаме, како преминуваме преку се“. Имавме помош од мојата мајка и мајката на Петар, поради тоа се вратив да играм после два месеци, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања