„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Тамбурица“ е насловот на новиот мурал што деновиве беше насликан во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Tamburica_Lonac_-4

Младинскиот културен центар неодамна го покани хрватскиот уличен уметник, Лонац, да изработи мурал во рамки на новиот парк што се подготвува зад Филхармонија. Лонац го прифати овој уметнички предизвик и по неговото кратко запознавање со Скопје, започна со работа на ѕидот на ДСУЦ „Илија Николовски Луј“. При пристигнување во Скопје, случајно се запознава со Мартина Ѓорѓеска (девојчето на муралот) и нејзиното друштво, па така и сосема случајно стигнал до идеја за композицијата на муралот. Неколку фотографии од Мартина на точак со инструмент во рака биле главната инспирација за муралот насловен „Тамбурица“, кој сега го краси „музичкиот дел“ на Скопје.

— реклама —

Лонац е уметник чии извонредни дела може да се најдат секаде низ светот, а најдобрo е препознаен по неговите фотореалистични мурали. Неговите дела се огромни парчиња уметност, кои не можете да ги пропуштите. Создадени со спрејови и четки - обично се под влијание на скејтборд култура, стрипови, графити, филмови, музика, но, исто така, и сегашните социјални проблеми. Неговото последно дело со наслов „Изгубен билет“, реализирано во Белгија непосредно пред доаѓањето во Скопје, веднаш беше издвоено од специјализираниот портал за улична уметност Street Art Today, како еден од најдобрите седум мурали реализирани во месец април во светот.

— реклама —

„Тамбурица“ се додава на големата низа проекти на Младинскиот културен центар за поддршка на уличната уметност, како што се: „Градот убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје, муралите на фасадата на МКЦ на тема „Индоктринација“, изработени од повеќе домашни автори, новиот мурал на група ЗЕРО во МКЦ, како и бетонските постаменти што деновиве се поставуваат низ Скопје. Покрај Лонац, МКЦ во изминатиот период ги реализираше и соработките со Veks Van Hillik од Франција, преку проектот „Петел и лисица“, поставен на ѕидот на зграда на бул. 11 Октомври, како и Farid Rueda од Мексико - мурал поставен на ѕидот на Природонаучниот музеј.

Во моментов во тек се и подготовките за новиот проект на МКЦ, преку кој ќе се продолжи соработката и поддршката на уличната уметничка сцена, а во меѓувреме ни преостанува само да уживаме во муралот на Лонац кај новиот парк зад Филхармонија и новите бетонски постаменти насликани од домашни автори, кои деновиве се појавуваат во Скопје.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања