Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Танаскоски: Се очекува намалување на е-пратките од Кина, поради успорената испорака од нивна страна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gjoko-1

Во Охрид, се одржува петтиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан. Главната цел на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.

— реклама —

По денешната средба новинарите го искористија присуството на директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и за други прашања. Поради актуелноста на корона вирусот кој потенува од Кина, директорот во изјава за Алсат изјави дека деновиве пристигнуваат пратки од Кина кои биле испратени уште пред два до три месеци. Очекувањата се дека во наредниот период подрастично ќе се намали бројот на пратки кои претежно кај нас се нарачуваат преку интернет.

„Дека има одредени намалување на бројот на пратки кои доаѓат секако дека има. Тоа не е резултат на тоа што корона вирусот е присутен на Балканот или не е, туку затоа што самиот тој избувна во Кина, а најголем дел од е-пратките доаѓаат од Кина и сигурно тоа е последица на едноставно успорената испорака од нивна страна до купувачите“, рече Ѓоко Танаскоски- директор на Царинска управа на Македонија.

— реклама —

фото: Царинска управа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања