Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Танасоски: Новиот закон за акцизи е усогласување со законодавството на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
48976900_559054461241166_4748237803454726144_n

Новиот закон за акцизи е во владина процедура и се уште не е изготвена неговата конечната верзија која се очекува да биде готова до 15 јули. Предлогот ја помина владината процедура и во понеделник во прво читање е на пленарна собраниска седница. Како што објасни директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски тој не е наменет за поскапување на производите, туку со него се врши усогласување на голем дел од областите кои ги регулира тој закон со законодавството на Европската Унија.

– Конечната верзија на новиот Закон за акцизи ќе биде готова до 15 јули, меѓутоа бидејќи е во владина процедура ќе видиме кога ќе дојде во Собранието и кога ќе почне постапката за усвојување, изјави Танасоски.

— реклама —

Танасоски појаснува дека со Предлог – законот за акцизите се предлагаат нови системски решенија и модифицирани системски решенија во однос на постојниот Закон за акцизите, што ќе стапат на сила со денот на примена на Предлог – законот, како и нови системски решенија што ќе се применуваат со влез на Република Македонија во ЕУ.

Инаку, Царинската Управа го промовираше е-учењето кое претставува едно од трите активности во однос на исполнувањето на стратегијата на Царинската управа во пристапувањето кон членство на Република Македонија во ЕУ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања