Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Танасоски за МИА: Сто процентна контрола на отпадот на Царина не е возможна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
48976900_559054461241166_4748237803454726144_n

Сто процентна контрола на отпадот што влегува на Царина не е возможна. Царинската управа согласно надлежностите, проверките ги базира врз анализа на ризик, сепак службениците имаат овластување при нешто сомнително да извршат дополнителна контрола.

— реклама —

Ова во интервју за МИА го изјави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски, кој посочи дека камионите со отпад се пропратени со соодветни документи, меѓу кои дозвола за увоз од Министерството за животна средина и просторно планирање, документ од акредитирана лабораторија и документ од странска царинска управа – од каде доаѓа отпадот.

Врз анализата на ризик проценуваат која стока треба да биде подложена на контрола, а во однос на отпадот првиот човек на Царина нагласува дека не треба секогаш да се говори во негативна конотација, бидејќи најголемиот дел од него е всушност суровина за одредени производствени капацитети во земјава, која понатаму се извезува.

— реклама —

Царинската управа има овластување на правосудна полиција и одлична соработка за МВР, вели Танасовски во интервјуто за МИА и додава дека Обвинителството може многу повеќе да постигне и да сработи.

На кој начин се врши контролата на камионите со отпад кои влегуваат на царина? Која е процедурата?

Генерално Царинската управа согласно своите надлежности бројот на проверки, што ќе проверува и како ќе проверува го базира врз анализа на ризик. Врз основа на таа анализа на ризик се врши проверка, не само на камионите со отпад, туку на целата роба која влегува и притоа при самото влегување на камионот доколку тој тарифен број под кој се пријавува робата е предвидено да биде на црвен канал, во тој случај во истиот момент на царинскиот службеник тоа му се регистрира и тој ја проследува робата на детален преглед. Исто така царинските службеници сами можат да извршат регулирање на декларацијата и доколку има какви било сомневања или доколку сакаат тие да проверат од зелен или од жолт канал, се оди на документарен преглед на црвен канал каде што се врши детален преглед на робата, вели Танасоски.

Дали мислите дека навистина е релевантен еден примерок од една бала во мала количина за да се испита огромна содржина, станува збор за неколку тони отпад?

Не станува збор за тоа дали јас мислам или се согласувам со тоа. Поентата е дека за секој вид на стока, односно во конкретниов случај за РДФ има соодветен стандард врз основа на кој е пропишано како треба да се земе примерокот. Така постапуваме и ние. Од камион се избираат повеќе бали и се земаат примероци, потоа таа смеса се хомогенизира и од неа се одвојува количина колку што побарала лабораторијата за испитување, изјави Танасоски за МИА.

Текстот во целост на МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања