Танец вечерва гостува во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
Tanec

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт вечерва во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово од 20 часот. Концертот е дел од долгогодишниот проект „Танец низ татковината“ што претставува циклус концерти во центрите за културата низ државата.

— реклама —

– На концертот во Тетово ќе биде изведена програма во која зад најголемиот дел од нумерите стои потписот на прерано починатиот првенец и долгогодишен раководител на оркестарот на НУ „Танец“, големиот композитор, аранжер и инструменталист, Милан Завков, изјави Бранка Костиќ-Марковиќ, уметнички раководител на ансамблот.

— реклама —

„Танец низ татковината“ се целовечерни концерти на целиот ансамбл кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Сите изведуваат атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од разни региони на кои се создавало македонското музичко-сценско фолклорно наследство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања