„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Таравари го информира Европскиот парламент за политичките случувања во земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
taravari_eurodeputetet

Д-р Арбен Таравари го информира Европскиот парламент за политичките случувања во земјата и за ставовите на Алијансата за Албанците на патот напред.

— реклама —

Во рамките на официјалната посета на Брисел, делегација на Алијансата за Албанците составена од генералниот секретар д-р Арбен Таравари и шефот на Одделението за евроинтеграции Арбен Фетаи, денеска оствари средба со европратениците Кнут Флекенштајн, Едуард Кукан и Иво Вајгл.

На средбата со тројцата пратеници кои беа клучните личности на Европскиот парламент во врска со политичките збиднувања во Македонија во однос на актуелното законодавство на оваа институција, д-р Таравари го образложи договорот постигнат на 8 јануари помеѓу Алијансата за Албанците и премиерот Заев околу уставните амандмани предложени од страна на Алијансата.

— реклама —

Соговорниците се согласија дека овие амандмани кои имаат за цел унапредување на уставната положба на Албанците и градење на мултиетничко и демократско општество, придонесуваат и во правец на европеизацијата на Република Македонија.

Д-р Таравари ги увери соговорниците дека уставните измени ќе се заокружат благодарение на придонесот на Алијансата за Албанците, која што уште еднаш ќе се потврди како една од главните сили за водење на Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.

На крајот, соговорниците се согласија за итна потреба по завршувањето на процесот на ратификување на Преспанскиот договор, Македонија да почне со спроведување на радикални реформи за зајакнување на правната држава и за обезбедување сеопфатен социјален и економски развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања