Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во гостување на ТВ 24 синоќа рече дека идејата за премиер Албанец на ДУИ е само алиби за поразот кој ДУИ ќе го доживее.
-Ние не се согласуваме со господинот Ахмети затоа што со ниеден закон не е забрането Албанец да биде министер за внатрешни, министер за финансии, премиер… Зошто тогаш го збориме ова? Оваа демагогија, е кога се спрема да оди во опозиција. Првата вечер кога ќе бидат во опозиција ќе речат прифаќаме само да биде Албанец премиер, и затоа не влегуваме во Влада. А, всушност затоа што изгубиле. Уште сега се знае кој може да биде премиер Мицкоски или Заев. Јас не сум против Албанец да биде, ама ајде Ахмети нека ми даде математика како ќе стигнеме до тоа. Еве и сите албански партии да бидеме заедно, што ќе правиме со 30 пратеници? До 61 како ќе стигнеме? Ахмети ни ја понижува интелегенцијата, вели Таравари.
фото: Архива