Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените од политички монтирани случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari-809

Во делот на реформите во правдата и правната држава, кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ вели дека ќе ја стопира селективноста на правдата, ќе ги спречи политички монтирани случаи, но и ќе ги помилува и оние кои биле жртви на, како што вели, тие монтирани случаи.

— реклама —

„Тие случаи или мора да се решат или да се простат. Разговорите што ги објави Заев, со поранешниот министер за внатрешни работи, за одредени случаи за кои знаат дека не се виновни, но морале да ги задржат затоа што "така барал системот". За каков систем зборуваат? Дека народот не бил виновен, ама мораме да го држиме во затвор. Ова е вознемирувачко. Пример случајот Алфа. Има докази за ова дека има монтирани случаи.Треба да седнеме и разговараме за овие процеси за да се најдат решенија и да профункционира правната држава. Се за да се зголеми довербата на граѓаните во правдата“, рече Арбен Таравари во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Би ја искористил можноста како претседател, вели Таравари, да не потпишува некои закони за кои смета дека се против интересите на граѓаните.

— реклама —

„Не би потпишал закони кои се спротивни на мислењето на граѓаните, тие кои ги загрозуваат граѓаните, на пример Законот за коцкање и многу други. Би имал тим кој би ме советувал и врз основа на него би одлучувале за некои закони кои се само во интерес на мала група луѓе и наштетуваат на голем број граѓани“, рече Таравари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања