Најдобрите пет студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денес денеска министерот за здравство, д-р Арбен Таравари.
Тој денес беше на средба со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.
„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти“, вели Таравари.