Промени тема
Контакт

Таравари на средба со претставници на Британската амбасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
d

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари прими двајца високи претставници на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, потсекретарите Симон Адамс и Јан Краман, со кои разговараше за актуелни прашања во општината и во државата.

— реклама —

"Со двајцата високи претставници на Британската амбасада разговаравме за политичката ситуација во општина Гостивар, проблемите со кои се соочуваме, односите меѓу градоначалникот и Советот на општината, односите меѓу политичките партии во Гостивар но и на национално ниво. Разговаравме и за проектот кофинансиран од амбасадите на Велика Британија и Австрија против екстремизмот и радикализмот кај младите. Исто така, разговаравме за подготовките што ги вршиме ние како општина во врска со имплементацијата на овој проект и начинот како младите од нашата општина ги оддалечиме од екстремните дејствија ", изјави градоначалникот Таравари по средбата.

— реклама —
— реклама —

Тој, исто така, информираше дека на конструктивната и пријатна средба со гостите од Велика Британија, се разговарало и за домнесувањето на буџетот на општината за следната година, што се очекува да се случи во наредната седница на крајот од оваа година, проблемите околу изгласувањето на минатогодишниот буџет, како и последните случувања на политичката сцена во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања