Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Таравари на средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштајн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG-20221026-WA0014

Претседателот на АА, Арбен Таравари денеска оствари средба со Мануел Сарацин - специјален пратеник на германската влада за земјите од Западен Балкан и со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.

— реклама —

На средбата се разговараше за актуелната политичка, економска и енергетска состојба, како и за евроинтегративниот процес на земјава во Европската Унија.

— реклама —
— реклама —

„Денеска се сретнав со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин и со германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, при што разговаравме за процесите низ кои минува земјата и за предизвиците кои не очекуваат во наредниот период. Заблагодарувајќи се за безрезервната поддршка што Германија ја дава на нашата земја и граѓаните, ја искажавме и заложбата на Алијансата за Албанците да го истуркаат до крај започнатиот пат кон ЕУ и западните вредности, заедно со меѓународните пријатели. Како што сме докажале во последните клучни случаи, германските дипломати ги запознавме дека остануваме сериозно ангажирани во интегративниот и реформскиот процес, за кој што пред се имаат потреба граѓаните на нашата земја“, пишува Таравари на социјалните мрежи.

— реклама —

Соговорниците се договорија за унапредување и интензивирање на соработката, а Таравари се заблагодари за поддршката од Сојузна Република Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања