Арбен Таравари од Алијансата за Албанците на вечерашната прес-конференција алармира за изборни нерегуларности, но сепак според него Алијансата води пред ДУИ.
„Ние сме во убедлива предност пред ДУИ“, изјави Таравари.
Според Таравари, имало бугарски воз во две села во Куманово.
„Злоупотреби имало и во Сарај, во селата Бојане, Рахович и Глумово. Злоупотреби на гласачите има и во другите изборни единици, но се надевам подоцна нашите екипи ќе ги регистрираат сите и ќе објават на следната прес-конференција“, вели тој.
https://www.facebook.com/arbentaravari.mk/videos/971976553261023/