Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Таравари: „Промените на имињата на училиштата и нивното оспорување се политички игри за манипулација“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
taravari

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, одговори на прашањето на новинарите околу прашањето за промената на имињата на училиштата. Таравари истакна дека промената на имињата требало да се направи порано, со оглед дека ДУИ ја имала оваа можност 18 години.

„Не ги смени имињата на училиштата 18 години, имајќи ја целата власт во нивни раце, како локалната, централната, и сите  други инструменти не успеа да ги смени имињата на училиштата. И сега еден месец пред изборите, имињата се менуваат. Аплаудирам на овој потег, иако требаше да се направи многу порано, не сега “, рече генералниот секретар Арбен Таравари.

— реклама —

Покрај тоа, Таравари додаде дека оспорувањето на владејачкиот партнер на ДУИ е неправилно наспроти албанското население, нарекувајќи ги нивните активности политички игри за манипулација.

Арбен Таравари исто така истакна дека покрај менувањето на имињата, ДУИ требало да се занимава и со училишната инфраструктура, хигиена и условите, така што албанските училишта не би завршиле во мизерни услови.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања