Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Таравари се оградува од „Отворен Балкан“ оти станал бесмислен откако замина Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Претстедателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари го изрази својот став и ставот на партијата со која раководи, во врска со Отворен Балкан, иницијатива која неодамна ја напушти владата не Република Албанија.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Северна Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан“ – напиша Таравари.

— реклама —

Тој оценува дека со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам станал бесмислен и нелегитимен.

— реклама —

„Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана“ е ставот на Таравари и на неговата партија.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања