Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во „Студио 10“, ги коментираше натписите на италијанскиот весник „Ла верита“ кои во денешното продолжение откриваат детали за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини.
-Треба да се разјасни на кој начин се тргнало во постапка за набавка на вакцини. Сите овие информации не се добри, сите овие случување укажуваат на една несериозност при набавката на вакцини, коишто се приоритет за било кој дел на активностите на владата. Начинот треба да биде транспарентен бидејќи е од голем интерес на граѓаните и се трошат јавни пари. Во ситуацијава со набавката на вакцини, има јасна одредба во Кривичен законик. Зачудува инертноста на ЈО, дека во ваква ситуација кога има афери и случаи, тие не се организирани да проверат. Мора да ги расчистат сите аспекти. Сите јавни документи треба да се ставени на увид на јавноста, па да се утврди дали има место за кривична одговорност, вели Тасева.
фото: Архива