Пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска одговараше на новинарски прашања.
Прашање: Дали може за пописот да ни кажете, ззошто, опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта го турка пописот без консултации со опозицијата и дека е потребно усогласување меѓу власта и опозицијата за пописот?
Тасевска :Интересно прашање коешто во послениов период е особено во фокусот на вниманието, морам тука да кажам дека непотребно се прави премногу политика од еден процес или операција којашто е статистичка. Нашата земја како претендент и како идна членка на ЕУ, мора да ги задоволи сите потребни стандарди меѓународни коишто меѓудругото предвидуваат нели и попис на населението. Опозициската партија, ВМРО ДПМНЕ навремено беше вклучена во сите потребни работи коишто беа во однос на носење предлог законот којшто сеуште не е во Собраниска процедура и затоа мислам дека нивните обвинувања се навистина невистинити и дека едноставно не се точни.