Тасевска: Со ребалансот 300 милиони денари за поврат на ДДВ, парите назад кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
300-Google-Chrome

„Ребалансот на буџетот ја потврдува заложбата на СДСМ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните.

— реклама —

Со ребалансот, 300 милиони денари се издвојуваат за реализација на мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кон граѓаните“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

— реклама —

„Мерката Мој ДДВ која е е едно од клучните ветувања дава одлични резултати. Досега за помалку од три месеци, скенирани се близу 20 милиони фискални сметки, со што повратот на 15 отсто од платениот ДДВ изнесува 2.666.000 евра.

— реклама —

Тоа значи дополнителен приход во секое семејство, што ќе ја подобри куповната моќ и ќе влијае врз зголемување на потрошувачката.

Само во првите два месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година.

Освен кај граѓаните, расте повратот на ДДВ и кон компаниите.

Годинава, заклучно со август извршен е поврат на ДДВ кон фирмите кој е за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките кои ги намалуваат трошоците и обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања