Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тасевска: Законот ќе биде донесен и покрај противењето на ВМРО-ДПМНЕ, оваа пролет ќе спроведеме попис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
15-01-2021-Tasevska

Секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните, на површина излегува деструктивното, неодговорно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. И овој пат партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски се става на спротивната страна на државните и национални интереси. Република Северна Македонија веќе деветнаесет години е без попис. Последниот попис во 2011 година не успеа токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Тасевска додаде:

— реклама —

Денес, оваа партија повторно ја политизира оваа важна статистичка операција.

Во Собранието, пред нас пратениците е Законот за попис на населението, закон со кој се отвора простор оваа пролет да спроведеме попис согласно меѓународните стандарди, согласно прописите на Евростат.

Овој закон се заснова на транспарентност на процедурите и постапките на реализација на пописот, неутралност и објективност во сите фази на пописот, стручна независност на надлежните органи, користење научни основи во методолошкиот пристап и подготовката на резултатите, како и доверливост и заштита на индивидуалните податоци од пописот.

СДСМ има договор со граѓаните да спроведеме попис кој ќе обезбеди точни и релевантни податоци.

Целосно нејасно е зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се противат на Законот, освен ако целта не им е намерно да го проблематизираат одржувањето на пописот со цел државата и натаму да нема податоци кои се важни за креирање на среднорочни и долгорочни политики и стратегии.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси.

Како пратеници избрани од граѓаните, имаме обврска да овозможиме сигурен и предвидлив развој на земјата, стратешкиот развој на сите институции во државата мора да се базира на квалитетни и точни податоци.

Ги повикувам сите пратеници да покажат одговорност и сериозност и да го поддржат Законот за попис на населението, за оваа пролет конечно, по скоро 19 години да ја спроведеме оваа значајна статистичка операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања