Актерот Сашо Тасевски, објави коментар посветен на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Бујар, како да ти кажам... Ти ли, шиљокуран најде да зборуваш против Лавров и Русија? Ало бе, шо се замишљаш бе дечко? Твоите Амери донеле стабилност на Балканот???? Да, откако го втурнаа во граѓански војни во кои загинаа 200.000 луѓе. Откако бомбардираа крвнички суверена држава 87 денови со осиромашен ураниум. Ко што им донесоа стабилност на Украинците и Палестинците. Сите да се соберете на чело со Блинкен, не сте му на Лавров до колена. Убаво ве нарече на сред прес: Кукавици! Тоа сте Бујар. Сите вие“, напиша Тасевски.
Требаше скандал да направите пред ОБСЕ и светов. Да чујат сите за сите уцени на Бугарија, негирањето на Македонците, за изиграната доверба што ја имавме кон ЕУ и САД, за нивната задкулисна поддршка на сите негаторски политики кон Македонците. И наместо скандал вие глумите фини домаќинки. Онадени и фини. Дека онадени. Еееј ја имавте предноста на домашен терен. Да им се истресете у фаца за се. Да покажете разочараност и лутина дека пред нос ви го решаваат македонското прашање на штета на Македонците. А они уште ве убедуваа: Бугари во уставот и ние ќе ви кажеме како побезболно!!! Учете од Лавров што е дипломат кој си ја сака својата земја. Им се истресе у фаца. Сам против сите. Дека ЕУ како продолжена рака на САД, уште од времето на силеџиското земање на Косово од Србија, ја уриваат безбедноста во Европа и го обесмислија постоењето на ОБСЕ. Како што го обесмислија и постоењето на ООН Тоа е државнички говор на еден суверенист, број еден дипломат на суверена држава, а не бројлер ко тачињата и бандана од ДУИ. Бујар како си ти бе по говорот на Лавров? Остана нешо коса или попаѓа? Русиве ви го памтат Косово. Не забораваат лесно, мамицата нивна руска, а Бујар?“, стои во друг коментар на Тасевски.