Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тасевски е должен да одговори, со што се занимаваат на домашната адреса, со што тргува, какви услуги нуди и што произведува, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
saso-tasevski

Директорот на БЈБ Сашо Тасевски го нема да се огласи по честитката за семејната фирма на домашна адреса, веројатно зафатен со развој на бизнис планови, бидејќи со криминалот и корупцијата и онака не му оди, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Почитувани, Сашо Тасевски повторно го злоупотребува МВР за лични соопштенија, па за семејна фирма на домашна адреса, наместо Тасевски, се јавува МВР, коешто потврди дека има фирма, ама таа не пречела во работата.

— реклама —

Сепак, неодговорени остануваат прашањата пред фактите:

На 12 октомври лани, 2022 година на домашна адреса на Сашо Тасевски е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ, дооел со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски.

Сашо Тасевски е должен да одговори, со што тоа семејно се занимаваат на домашната адреса, со што тргува, какви услуги нуди и што произведува?

— реклама —

Колкав бизнис е во прашање и кои се клиентите коишто ги користат услугите на фирмата на домашната адреса на Сашо Тасевски, директорот на БЈБ?

Дали и колку позицијата директор на БЈБ добро влијае при склопување зделки на фирмата на домашна адреса?

— реклама —

Тасевски и до сега се криел за скандали за негови блиски и семејството, но тоа не ја менува вербата дека Сашо Тасевски ќе го остави синот да не успее како бизнисмен и дека нема да помогне во развојот на фирмата на домашна адреса.

Доколку Тасевски ја пријавил фирмата до ДКСК, доколку известил дека се почнува семеен бизнис на домашна адреса, нека го покаже документот, пријавата, соодветната комуникација со ДКСК.

Тоа му е должност и обврска.

— реклама —

Македонија тоне во криминал и корупција, од пиштоли се пука среде бел ден, ама Сашо Тасевски си тера семеен бизнис план, додека МВР го претвори во семеен прес центар!

Само избори се спасот“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања