Тасевски на ФБ: На двете партии првиов круг им е да видат до кај се, а во вториот шефот под мустаќ, ќе повика на бојкот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
saso-tasevski

На двете партии првиов круг од претседателските им е да видат до кај се, то ест, до кај не се. На едниве само албанските гласови им се спасот, кои во првиот круг ќе ги немаат според планираното, поради албанскиот кандидат. Затоа гледаат само да не рикнат во првиот круг, напиша на својот Фејсбук профил актерот Сашо Тасевски. Тој додаде:

— реклама —

Вториве на албанските гласови не сметаат, се надеваат на македонските, најмногу од дијаспората, зашто тука нема да ги добијат според планираното ниту кај членовите, кои не се возбудуваат толку на нивниот шеф. Затоа по првиот круг, тој шеф под мустаќ, ќе повика на бојкот во вториот. Зашто јасно му е, во вториот круг претседателот ќе го изберат албанските гласови. Сума сумарум, првиот круг нема да реши ништо, освен ако се случи библиско чудо, кутиите сами да се отворат и Господ да ги наполни од небесата, откако претходно сите ќе ги хибернира за да не видат, па кандидатката да победи. Во принцип, овие избори ќе бидат мачни за двете партии и за народот во целина. Партиските членови по наредба ќе мораат на гласање. Иако многу од нив ќе речат: Ме боли Себастијан Курц за гласање. Кој и да победи на крај, тоа ќе биде горка победа и вовед во нови и нови раздори и колективна апатија, напиша Тасевски.

— реклама —

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157102964967180

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања