Актерот Сашо Тасевски на социјалната мрежа Фејсбук упати порака до владејачката СДСМ, па им порача дека сега тие не носат, туку се борат за живот.
Тасевски напиша:
- Ни порака чуле, ни ја прочитале. Го глеам вчера Кирацовски на дебата, не знае кај е лево, кај е десно. Збори за победи, иднини и убајни. Одма заборави на лимонот што му беше заглавен у грло во неделата на првиот прес по гласањето. Тоа со металата ќе остане на празни зборови. Им гледаш во фаца дека алергични се на метла. Како да не ги стрефи земјотрес пред два дена. Не се од овој свет. Не сфаќаат, нема цензус да имаат во вториот круг. Уште повеќе неутрални нема да излезат од оние кои гласале во првиот круг за нив, само зашто не можат да ги заборават лесно зулумите на ДПМНЕ. Е овојпат нема да излезат. Подопашници, удбаши и полтрони од СДСМ, гледам ја префрлаат вината на бојкотирачите. Глупи биле, сакале Вемереото да се врати. Катастрофална грешка правите што ги обвинувате. Никој од нив не ги сака ДПМНЕ. Ама за вас гласот нема да го дадат. Сретнете се на улица со нив, во маркет, ќе ви кажат зошто, не ги слушајте оние што ви рецитираат вагинална поезија на митинзите и собиранките. Таквите будали и ве напумпаа ѓоа сте пауни и нешто вредите. Тие се партиски јадници, толку им сече, ги има во секоја партија. За кикирики се ќе ти кажат. Помина времето на вашата комоција на крилата на позитивноста на неутралните и поочиклените, кои пред три години ве посакуваа на власт од срце зашто не можеа да го поднесат примитивизмот и силеџиството на ДПМНЕ. Умре тоа. Немате веќе простор за ароганција. Сега не носите живот, туку се борите за живот. Оти ги вратите ли на власт ќосињата со вашата неагилност од типот: Кој ги клацка незадоволните, кога со нас се САД ЕУ и НАТО, да знаете, вас први ќе почнат да ве топат за сапун. Е кај вмровците исто ништо не се сменило, особено не, желбата за одмазда. Ние останатите, ауфидерзен. Што е доста, доста е.
https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10157116252672180