Актерот Сашо Тасевски ја оправда скопјанката која поднесе кривична пријава против функционери а поврзана со вадењето нови документи со придавката „Северна“.
„Во право е жената што ги тужела Таче и Заев за документите, си знае право и добро е што не подучи.
Ако пред една гидина си извадил нова лична карта која трае 10 години и државата сега ти вика не важи тоа што сум гарантирала, ќе си вадиш нова и ќе си платиш за новата, тоа е измама. Државата се стекнува со материјална корист на штета на граѓаните. И тоа баш пред избори. Имаме право сите да тужиме. Поединечно. Бесплатно. Дури таа жената се понуди секој што сака да тужи да и се обрати ќе му прати копија од нејзината тужба. А во меѓувреме Грција не сменила ниту еден патоказ на кои се уште сме Скопија. Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија. Тие се поголеми од самата имбецилност. На имбецилноста и е срам од нив“, напиша Тасевски.
Кривични против Заев и Спасовски поради обврската да се вадат нови документи со „Северна“
Скопјанката Олгица Н. Трајковска денеска до ОЈО поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и против поранешниот премиер Зоран Заев поврзана со вадењето на новите лични документи за граѓаните, со краен рок до 12 февруари 2024 година.„Почитувани, денеска, до ОЈО поднесов кривична пријава против министерот О. Спасовски и поранешниот претседател на Владата З. Заев, за кривичното дело: Злоупотреба на службената положба и овластување ( чл. 353 ст.3 од КЗ) поради неизвршување на своите службени должности за усогласување на документите од страна на јавната администрација (меѓу кои и на личните документи на граѓаните), а О. Спасовски и за пречекорување на своите службените должности извршено, спротивно на правниот систем, со негово усмено прогласување за неважечки на издадени важечки документи согласно законите за лични документи во рокот од 5-те години, во кој јавната администрација била должна да ги усогласи, а поради нивна вина тоа не го сторила… со што се предизвикува значителна материјална штета за граѓаните, покрај другите штети по здравјето, уставното начело за правна сигурност…итн! Господ на помош!“, објави Трајковска.
Коментари | пред 2 години