Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Тасевски: Во јавните ковид центри се дели тешко мито да се дојде до кревет, а надвор сиротиња умира во чекална

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
saso-tasevski

Еве до каде стигнавме како луѓе и какво е приватното здравство, откако го уништија јавното за кое плаќаме цел живот, дури и нашите дедовци за кое плаќаа. Тешко болен од ковид кој има пари, оди во клиниката кај античкиот крал. Ден недела. Му бараат да плати однапред. Им вика недела е немам толку кеш дома, утре ќе и платам, еве овој е брат ми ќе ви донесе. Не го хоспитализирале. Донесете пари, па после, не смееме вака, напиша на својот ФБ профил актерот Сашо Тасевски.

Тасевски во објавата додава:

— реклама —

Болниов отишол дома, он ми раскажа за случајов, си рекол: А бе ако треба дома ќе умрам, денар не им давам.

Така и го прележал. Дома, со пријатели лекари на повик, со кислород, нега, терапија. Еве тој имал век и пари да си го дозволи тоа.

— реклама —

Што правиме со останатите кои немаме средства?

Од друга страна и во јавните ковид центри се дели тешко мито да се дојде до кревет. А надвор сиротиња умира во чекална

— реклама —

Излишно е веќе сето ова да го коментираме. Ваква раскантана држава со толку раскантан систем, не постои во Европа, сигурно.

Ти несреќо, какво едно општество за сите градиш, кога едни меѓу кои си и ти, имаат се, а други немаат ништо, истакна Тасевски.

— реклама —

извор: ФБ Сашо Тасевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања