Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Татко и две деца се удавија кај грчкиот остров Самос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
grcija-migranti

Најмалку три лица, меѓу кои две деца загинаа во потонат брод со мигранти на источниот брег на грчкиот остров Самос. Грчките медиуми објавуваат дека татко и неговите четири и пол годишни синови близнаци загинаа откако чамецот со кој што се превезувале, се превртел во текот на ноќта источно од грчкиот остров Самос, јави дописничката на МИА од Атина.

— реклама —

Во чамецот, во кој имало 12 лица, бегалци и мигранти, веројатно тргнал од Турција, а се превртел далеку од брегот. Грчката крајбрежна служба која пристигнала да помогне забележала и извлекла од морето 11 лица, додека по едно лице започнала потрага. Меѓу извлечените лица биле и двете момчиња кои починале додека траело нивното префрлање. Подоцна, било пронајдено и телото на нивниот татко, кој веројатно се удавил во обид да ги спаси неговите синови. Непознато е дали меѓу спасените девет лица, кои биле префрлени на грчкиот остров Самос, е и мајката на загинатите момчиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања