Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Татко и син од Македонија убиени во Швајцарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
tatko_sin

Околу пладне во средата, кантоналната полиција во Фрибург била известена за исчезнување на татко и син – Д.К (23) и Н.К (47). Во соработка со кантоналната полиција на Вауд, тие и двајцата се пронајдени мртви во вила во регионот на Вауд.

Како што соопштуваат швајцарските и француските медиуми, тие се застрелани со пиштол. Уапсен е 30 годишен маж кој ја призна вината. При претрес пронајдено е и огнено оружје. Д.К (23) и Н.К (47) инаку се од струмичко Мокриево.

— реклама —

Како што пишуваат во една од групите на нашите иселеници, таткото и синот претходно од убиецот сакале да откупат трактор и му дале капар за истиот. Неколку дена подоцна тие му се јавиле за да го земат тракторот, но селанецот одбил. Откако таткото и синот отишле да си го земат дадениот капар, тие биле застрелани и потрупани во арско ѓубре.

— реклама —

-Голема трагедија. Наум го знам од дете и неговиот животен пат. Беше чесен, кроток и работлив. Станува збор за прекрасно семејство, рече Петар Спасов, жител на селото Мокриево и поранешен градоначалник на општина Ново Село.

— реклама —

Извор: strumicadenes.mk

фото: Бриф

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања